Два гола на Меси во 500 победа со Барса! (ФОТО+ВИДЕО)

twitter/FC Barcelona

Фудбалерите на Барселона се пласираа во четвртфиналето во Кралскиот куп со убедливата победа против Легањес во 500 победа на Меси со дресот на Барселона.

Продолжува аргентинскиот играч да блеска во дресот на Барселона со која успеа денеска да дојде до јубилејната бројка од 500 победи.

Лионел Меси е првопласиран на оваа листа пред Чави Ернандез кој застана на 476, а Андрес Иниеста на 459 победи.

Потсетување дека на 16 октомври 2004 година Аргентинецот го имаше првиот триумф во дресот на Барселона против Еспањол.

Оттогаш само еден клуб успеа да избегне пораз против Меси, УДА Граманет кој славеше со 1:0 во Копа дел Реј во сезоната 2004/05 во нивниот единствен меѓусебен дуел.

Во рамките од осминафиналето во Кралскиот куп на домашен терен на „Камп Ноу“, Барса успеа со 5:0 да го елиминира составот на Легањес и така се најде во следната фаза.

Во четвртфиналето се наоѓаат уште Атлетик Билбао, Валенсија, Виљареал, Гранада, Реал Мадрид и Реал Сосиедад, а последниот учесник ќе го дознаеме после мечот Мирандес-Севиља.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот