Дурент предизвика лудило во Барселона, подготвен е дресот

twitter/brooklynnets

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата Кевин Дурент откри дека би сакал еден ден да заигра за Барселона, по што оваа негова изјава предизвика лудило кај каталонците.

Прв кој се јави со реакција беше тренерот Светислав Пешиќ кој веднаш се нашали со новинарите.
– Ќе има место за него, но не оваа сезона, туку наредната. Во последните 5-10 години бидејќи играчите од негов калибар не знаеја дека постои квалитетна лига надвор од НБА. Не сум изненаден со неговата изјава. Тој знае каква е состојбата во кошарката надвор од НБА бидејќи играше за репрезентацијата на САД. Тоа е знак дека нешто се променило во – изјави Пешиќ.


Од играчите, прв реагираше Никола Миротиќ кој летово по неколку сезони во НБА, се врати во Барселона.
„Добро утро… Ова е луд сон само доколку тоа не го направиш“, напиша Миротиќ на својот профил на Твитер, додека Алекс Абринес веќе постави слика со дресот на Дурент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот