Дурент не игра на ол стар, го менува Домантас Сабонис

Кевин Дурент/фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кевин Дурент нема да биде подготвен за настап на натпреварот на сите ѕвезди кој ќе се игра наредниот викенд во Атланта.

По Ентони Дејвис од ЛА Лејкерс, сега и ѕвездата на Бруклин нетс, Кевин Дурент, поради повреда го откажа настапот на ол стар натпреварот иако доби највеќе гласови во Источната конференција.
Дурент нема да биде подготвен за натпреварот кој треба да се игра наредниот викенд поради повреда, соопшти неговиот клуб.

Негова замена ќе биде кошаркарот на Индијана пејсерс, Домантас Сабонис, за кого ова ќе биде втор настап на ол стар натпреварите.
Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, одлучи замена за повредениот Ентони Дејвис од ЛА Лејкерс, да биде бекот на Феникс санс, Девин Букер, кој ќе се дебитира на натпреварот на сите ѕвезди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот