Државниот архив и Народната банка заеднички ќе го истражуваат архивскиот материјал значаен за централнобанкарското работење

Фото: НБРСМ

Државниот архив и Народната банка ја прошируваат меѓусебната соработка во областа на истражувањето, собирањето, обработувањето, евидентирањето, чувањето и промовирањето на архивскиот материјал значаен за централнобанкарската историја, за финансиските состојби, за развојот на банкарството и економијата на нашата земја.

По тој повод, како што соопштија од Државниот архив, потпишан е меморандум за соработка, кој ќе се преточи во истражување и дигитализација на архивски материјали кои се однесуваат на банките и банкарските организации, значајни за стопанскиот и економскиот развој на Македонија, заедничко организирање изложби и други активности од научнoистражувачката и едукативната област, издавање заеднички публикации и книги во издание на страните потписнички, како и заедничко организирање и реализација на научноистражувачка работа во архивски институции во странство, заради лоцирање, евидентирање и дигитализирање на архивскиот материјал значаен за нашиот стопански и економски развој.

Меморандумот го потпишале директорот на Државниот архив Емил Крстески и гувернерката на Народна банка на Република Северна Македонија Анита Ангеловска Бежоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот