Дрва на осум рати за кичевските пензионери

Дрва за огрев Фото: Арбнора Мемети

Здружението на пензионери од Кичево, на своите членови им овозможува набавка на огревно дрво на осум еднакви рати, што е особено олеснителна околност за  пензионерите кои примаат пензија до 10 000 денари.

Според претседателот на Здружението на пензионери од Кичево Душан Ристоски, и покрај минатогодишните турболенции со ненавремената испорака на огревното дрво, сепак и годинава одлучиле да им обезбедат дрва на рати.

Цената за кубик дабово дрво изнесува 2 700 денара, додека за кубик буково дрво треба да се издвојат 2 600 денари. Како што потврдија од Подружницата на Ш.С. „Лопушник” Кичево, дрвата на сите пензионери ќе им се испорачаат до крајот на јули. Оние пензионери кои имаат потреба од поголема количина на огревно дрво можат да купат и цел камион, поточно 13 кубици, а месечната рата наместо 2 200 денари ќе изнесува двојно повеќе или 4 400 денари, информира Ристоски.

Пензионерите се задоволни што и годинава ќе можат на осум еднакви рати да се снабдат со огревно дрво.

-Ова е добра одлука на нашето Здружение, бидејќи кој е во можност наеднаш да плати 17 550 денари. На овој начин, многу полесно ќе дојдеме до огревно дрво и ако се има превид дека во цената е вклучен и растовар на дрвата, тогаш повеќе од исплатливо да се снабдиме со огревно дрво преку нашето здружение, вели пензионерот Томе Велјаноски.

Инаку запишувањето на огревно дрво започна во понеделникот во канцелариите на Здружението во Кичево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот