Докузовски: Повредите спречија неизвесно финале

Марин Докузовски фото: КФСМ

Марин Докузовски во финалната серија со МЗТ Скопје, мака мачеше со повредите на своите кошаркари. Во отсуство на претходно отпишаниот Кире Николовски, во финалната серија му се повредија уште двајца клучни кошаркари, Димитар Мираковски и Димитар Караџовски со што остана краток во ротацијата.

Сепак, Докузовски кој го напушта тимот на Работнички, спортски му честита на противникот за освоената титула, но жали што повредите на неговите играчи спречија неизвесно финале.

– Би сакал да му честитам на МЗТ Скопје за титулата. Објективно МЗТ Скопје беше поквалитетен тим од нас. Иако мислам дека ние посебно во последните два натпревари во кои бевме хендикепирани поради повреди, пруживме доста силен отпор и скапо ја продадовме кожата. Ова беше наш осми натпревар во период од 16 дена и се виде заморот кај моите кошаркари. Сепак, јас им честитам за пожртвуваноста, изгинаа на теренот и скапо ја продадоа кожата.  Ако имавме малку поголем ростер, сигурно немаше да загубиме со 0:3. Немам забелешки на натпреварот, игравме добро, но како и на минатиот натпревар снемавме сила. Не може со 5,6 кошаркари да се издржи цел натпревар. МЗТ заслужено ја освои титулата“, изјави популарниот „Доктор“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот