Докторката Кујтиме Мехмети која предавала во училиштето „Братство“ вели дека не била во контакт со заразената директорка

Родители чии деца учат во основното училиште „Братство“ се во паника бидејќи докторка од Клиниката за кожни болести минатата недела држела предавање во училиштето. За да се спречи паника Општина Карпш на Фејсбук ја објави интегрално изјавата на докторката Кујтиме Мехмети, која смирува и вели дека не била изложена на близок контакт со директорката на Клиниката, која е заразена од коронавирусот откако престојувала во Италија.

-Жалам за настанатата состојба, ве разбирам за загриженоста бидејќи и јас ќе реагирав на ист начин. Верувајте дека ако имав и најмала информација дека сум била во контакт со особа која е заболена, немаше да дојдам на предавањето и истото ќе го откажев“, пишува во објавата на Општина Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот