Додека Леонардо Дикаприо ужива со новата девојка, поранешната Камила Мороне бара стан

Леонардо Дикаприо, Камила Мороне
Леонардо Дикаприо и Камила Мороне / Фото: ЕПА-ЕФЕ

Како што пренесува „Дејли мејл“, Камила Мороне пред само неколку часа е фотографирана како се шета со својата мајка. Таа наводно купува нови работи за да го опреми станот, бидејќи се иселила од претходниот што го делеше со нејзиниот поранешен партнер – актерот Леонардо Дикаприо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hailey (@haileyrata_)

Според последните информации од споменатите медиуми, Камила се сретнала со нејзиниот агент за недвижности, а сето тоа се случило во Беверли Хилс каде таа разгледувала станови. После тоа, актерката се упати кон Малибу.

Да потсетиме, вчера се појави веста дека познатиот холивудски заводник и 25-годишната манекенка ставиле крај на четиригодишната врска, а денес продолжува сагата за нивното раскинување. Медиумите пишуваа дека Леонардо „мери“ помлада девојка, а очигледно таа наскоро ќе му стане нова партнерка.

ФОТО | Украинка е новата девојка на Леонардо Дикаприо! Има само 22 години

Последен пат Лео и Камила заедно беа видени на почетокот на јули. Папараците тогаш ги уловија како шетаат на плажата во Малибу со своите кучиња. Актерот беше во врска со Камила повеќе од четири години. За нивната врска почна да се зборува во јануари 2018 година кога заедно беа на патување во Колорадо. Врската ја потврдија две години подоцна, кога седеа заедно во првиот ред на Оскарите.

Само помлади од 25 години: Леонардо Дикаприо и Камила Мороне се разделија по 4 години врска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот