Дневен хороскоп за 23 март: Вашата сакана личност ќе биде во романтично расположение

дневен хороскоп
Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 23 март, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес.

Овен

Денеска ќе имате можност да остварите двојна добивка, под услов да се настапите професионално и сугестивно пред колегите. Во остатокот од денот, вие ќе им делувате добродушно на сите со кои ќе се сретнете. Ќе бидете навистина романтично расположени, а и вашиот партнер ќе биде во слично расположение.

Бик

Бикови, постои голема веројатност дека ќе постигнете голем успех ако се потпрете на богатото искуство на повозрасните колеги. Послушајте ги нивните совети и стапете во акција. Што се однесува до приватниот живот, храбро одговорете на нечиј повик или порака. Дозволете си да почувствувате вистинска љубов.

Близнаци

Ќе се залагате за практично и правично решение, но еден од соработниците ќе има скриени намери и упорно ќе се обидува да го наметне своето влијание врз останатите колеги. Избегнувајте нови емотивни провокации. Бидете внимателни со кого го поминувате времето – изберете човек кој има искрени намери кон вас.

Рак

Денеска ќе имате чувство дека сè ви оди од рака и навистина ќе биде така. Ќе се најдете во одлична можност да постигнете успешни резултати, па бидете истрајни во своите намери. За жал, нема да го добиете тоа што го посакувате во љубовниот однос. Но, не се разочарувајте и продолжете понатаму.

Лав

Лавови, обидете се да ги одделуте заедничките интереси од личните амбиции. Доколку чувствувате голем умор, одложете ги стресните ситуации кои ве исцрпуваат. При средбата со саканата личност, вие навистина ги преувеличувате нештата и имате желби кои се навистина тешки за исполнување.

Девица

Постапувајте според вашите критериуми за деловно работење и избегнувајте објаснувања пред колегите. Не се извинувајте за вашите способности. Време е да ги спуштите розовите очила да ја погледете вистината во очите на вашиот партнер. Сега не е време за љубовни илузии.

Вага

Во последно време, премногу сте оптеретени со новите деловни планови. Реагирате премногу темпераментно во ситуациите во кои треба да покажете дипломатски манири. Внимателно ја анализирате саканата личност, но повторно ви недостасува парче од сложувалката. Постојат сегменти од вашиот однос кој не ви се допаѓаат.

Скорпија

Денеска ќе биде важно правилно да ги заштитите вашите деловни интереси. Поставете јасна граница до која сте спремни да преземете одговорност. Понекогаш постојат одредени ситници кои повеќе откриваат за вашиот партнер, наспроти убаво срочените реченици кои тој ви ги раскажува.

Стрелец

Стрелци, обидете се да ја сочувате вашата присебност и да ги коригирате вашите пропусти. Размислете за тоа кому треба да му се обратите за поддршка. Светот околу вас изгледа многу подобро и поубаво кога се наоѓате во позитивното друштво на вашата сакана личност. На крајот од денот, таа е сè што ви треба.

Јарец

Постојат повеќе различни околности кои ве успоруваат. Некој нема да сака да ви ги сослуша идеите. Но, смирете се и не барајте „преку леб – погача“. Посветете ѝ поголемо внимание на личноста која позитивно ви влијае на вашето расположение. Средбата со неа ќе ви создаде големо задоволство.

Водолија

Денеска ќе делувате мудро и промислено при средбата со соработниците. Сепак, нема потреба да се однесувате наметливо пред луѓето со кои работите. Избегнувајте емотивни провокации кои можат да ве наведат на погрешно однесување. Одвојте време за себе и активностите кои ве опуштаат.

Риби

Набљудувајте ја вашата околина повнимателно и променете некои воспоставени навики. Треба да исполнувате нечии критериуми за деловна соработка. Ако ви недостасува нечие присуство, побарајте соодветна замена или личност со која имате слични интереси. Совет? Не ги потценувајте вашите способности да сакате.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот