Дневен хороскоп за 1 март: Верувајте им на вашите емоционални инстинкти

дневен хороскоп

Овен

Сите припадници на овој хороскопски знак кои се задоволни од изборот на партнерот денес ќе доживеат незаборавни романтични моменти со саканата личност. Исто така, ве очекува и многу квалитетно време поминато со вашите пријатели, а во некои разговори, ќе дојдете до информации кои ќе ви го променат погледот кон светот.

Бик

Возбудливи и денови и ноќи ќе ви донесат ѕвездите. Влегувате во полето на страста и романсата. Либидото ќе ви биде на максимум, а партнерот нема да може да ви одолее. Заведувајте го повторно… Ако сте сингл, промените во изгледот ќе ве направат атрактивна жена која не може да помине незабележана. Очекувајте комплименти.

Близнаци

Љубовниот односи кои постојат од порано бараат да им пристапите сериозно и да ги преиспитате. Големиот успех нема да дојде ако не се посветите на тимската работа. Затоа, ќе ви биде потребно трпение и толеранција. Разговор со некој близок може да ви биде од корист – ќе разгледате некој проблем од друг агол и ќе донесете разумна одлука.

Рак

Можен е повик на личност од вaшето минато, што ќе ги засени вашите љубовни случувања или ќе ве оддалечи накратко од партнерот. Ако имате проблем како да го сработите она што треба, сетете се на вашите стручни знаења и бргу ќе дојдете до решение. Вие најдобро знаете колку сте способни и што сè умеете да направите.

Лав

Ќе бидете во вистинско љубовно искушение ако не сте задоволни од односот со партнерот. Ќе се оддалечите малку од партнерот и тоа ќе биде главната причина за заладување на вашиот однос. Не дозволувајте да изгубите нешто навистина драгоцено. Слободните ќе имаат интересна средба со некој на кој воопшто не помислувале.

Девица

Ќе бидете наградени за вложениот труд и време. Во љубовта нема да бидете суптилни. Начинот на кој се одвиваат работите ве тера да скокате од среќа. Одлично е што имате во близина некој што ве сака такви какви што сте. Верувајте им на вашите емоционални инстинкти и така ќе го разберете партнерот на едно поинтимно ниво.

Вага

Овие денови очекувајте особено внимание од страна на партнерот. Тој во последно време има задоволителни финансиски приливи и за време на наредниот викенд очекувајте изненадување. Бидете благодарни и не му забележувајте заради тоа што претходно не ве информирал за парите. Не правете драми околу тоа.

Скорпија

Некој во вашата непосредна близина, најверојатно од деловното опкружување, сака по секоја цена да ја придобие вашата наклоност. Ако сте сингл и ви се укаже можност да патувате во странство, ќе имате романса што може да трае дури и по враќањето. Сите што се во врска ќе мора да најдат начин да се справат со љубомората на партнерот.

Стрелец

Сите оние кои се во брак очекуваат да донесат една важна одлука поврзана со љубовниот живот. Во текот на денешниот ден, поради нервоза и брзоплетост ќе направите најразлични проблеми. Работете на тоа да бидете смирени. Партнерот не знае на кој начин да се постави кон вас. Ве очекува неповолен емотивен период. 

Јарец

Деловното патување може да биде голем предизвик за вас, особено ако сте во врска која е сè друго, освен стабилна. Големи се шансите дека целосно ќе ја „изгубите главата“ по некој кој е целосно спротивен од вашиот партнер. Проблемите во семејството се неизбежни, бидејќи еден од членовите ќе се пожали на вашето однесување.

Водолија

Нема причина да ја обвинувате околината за деловните неуспеси. Премногу изговорените зборови не носат решение. Употребете ги вашите дипломатски манири и практична памет. Партнерот, за разлика од вас, полесно ги решава личните или заедничките проблеми. Вие не сакате да бидете во нечија сенка и да прифатите пасивна улога.

Риби

Некои од соработниците тактизираат и ќе разработуваат деловна стратегија, а вам ви преостанува да се занимавате со практичните аспекти и да преземете иницијатива. Делувате малку носталгично и премногу размислувате за нечие отсуство. Чувствувате емотивна тага по некои пријатни или далечни спомени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот