Димитров: Првата меѓувладина конференција со ЕУ во декември

Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

На 8 септември во Брисел земјите-членки ќе имаат дебата околу една верзија на предлог-преговарачката рамка, што ќе ја претстави германското претседателство со Европската Унија.

Ова го изјави денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, денеска одговарајќи на новинарско прашање на цереномијата на примопредавање на функциите со новиот министер за надворешни работи Бујар Османи.

-Планот на Берлин во рамки на можностите во едно вакво време е овој процес да финишира во последниот месец од оваа година. Очекувањата на германското претседателство е првата меѓувладина конфереција да се случи во декември оваа година, рече новиот вицепремиер задолжен за европски прашања.

За тоа кој ќе биде новиот технички преговарач, со оглед на тоа што досегашниот, Бојан Маричиќ замина на функцијата министер за правда, Димитров рече дека е рано да се зборува за имиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот