Димитров му одговори на Богдановиќ: Прочитав дека почнува кампања за миење раце

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Во вечерашното гостување во емисијата „Вин Вин“ на телевизија Телма, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, му одговори на градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ, за неговиот коментар на Фејсбук дека министерот е „идиот“.

Коментарот на Богдановиќ на Фејсбук, кој потоа беше избришан, беше упатен откако министерот за надворешни повика да се бојкотира доделувањето на Нобеловата награда за литература на Петер Хандке.

– Симболиката е многу важна и во светската и во европската политика. Имаше многу реакции од цел свет и од политичари како на пример Трамп, од добитник на наградата. Сите имаме одговорност. Таква одговорност сигурно имале и тие кои ме коментираа мене. Тие што сме должни за надворешна политика и меѓународни односи да се бавиме со тоа. Денес прочитав дека почнува кампања за миење раце – рече Димитров во емисијата на Телма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот