Димитров: Денес е голем ден во мојот град, успеавме да го усвоиме и последниот закон кој беше услов

За медиумите министерот за надворешни работи, Никола Димитров после вечерата ЕУ-Западен Балкан, во организација на Шарл Мишел, рече дека денеска е голем ден за нашата земја.

-Патот беше турбулентен, но се надеваме дека од четвртиот обид успешно ќе „слетаме“. Морам да ја претставувам мојата држава, наместо мојот претседател и премиер, бидејќи денес е голем ден во нашиот главен град. Но носам вести дека успеавме да го усвоиме и последниот закон кој беше услов, во нашиот случај. Тоа е Законот за Јавно обвинителство што беше усвоен со двотретинско мнозинство.Тоа е добра вест за владеењето на правото, за граѓаните, за правото и за европската иднина на нашата земја- вели Димитров.

Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел вечерва изрази задоволство поради донесувањето на Законот за јавно обвинителство во Северна Македонија.

Тој истакна дека од Минхен за Брисел летал заедно со министерот за надворешни работи Никола Димитров кој му ја пренел веста.

Вечерата во Брисел е во организација на претседателот на Европски совет Шарл Мишел , а присуствуваат и претседателката на Европска Комисија, Урсула фон дер Лајен, високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, чија земја претседава со ЕУ., како и лидерите од земјите од Западен Балкан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот