Димитриевски: Бев со амбулантно возило да се тестирам во Биотек и во Жан Митрев

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски вечерва објави на Фејсбук дека се тестирал на приватно, има негативни резултати за коронавирус и дека поради тоа бара укинување на изолацијата и за него и за неговите контакти, меѓу кои е и половина влада што на состанок на кризниот штаб беше во Куманово ден пред Димитриевски да добие позитивен резултат на ковид.

Го прашавме градоначалникот каде се тестирал и како се одвивал процесот, со оглед на тоа што е во изолација.

-Се тестирав во Биотек и во Жан Митрев со ПЦР метода, и двата теста се негативни. Бев транспортиран со амбулантно возило и правев дополнителни проверки, а тестот за ковид го направив попатно, изјави градоначалникот за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот