Џонсон: Животот им го должам на лекарите

Британскиот премиер Борис Џонсон/ Фото: Архива на Слободен печат

Не можам доволно да им се заблагодарам – порача Џонсон кој седми ден е хоспитализиран.

Британскиот премиер Борис Џонсон се огласи во јавноста, откако, поради компликации од ковид-19, минатата недела беше сместен на Одделение за интензивна нега и истакна дека „животот им го должи на лекарите“.

– Животот им го должам на лекарите. Не можам доволно да им се заблагодарам – порача Џонсон кој седми ден е хоспитализиран.

Од кабинетот на Џонсон деновиве порачаа дека премиерот се опоравува, дека се чувствува многу подобро, а дека времето во болнички кревет го минува со играње на игри и гледање филмови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот