Џолев воздржан за пресудата за сообраќајката кај Млечен: Во моментот немам доволно информации за да коментирам

Претседателот на Основниот кривичен суд во Скопје Иван Џолев истакна дека моментално не поседува доволно информации за условната казна која ја доби сторителот на сообраќајната несреќа со смртни последици пред две години кај Млечниот ресторан во Скопје, односно додаде дека откако ќе знае повеќе детали ќе може да коментира.

„Во моментов немам повеќе информации за пресудата. Таа беше донесена вчера (петок), јас за неа дознав на крајот од работното време. Ќе се интересирам за случајот, од понеделник ќе добијам повеќе информации од судот, по што ќе можам да дадам коментар и став“, изјави Џолев за „360 степени“.

Во сообраќајката за која вчера беше изречена пресудата, животот го загуби едно лице, а неговата бремена сопруга и сопатничката се здоби со тешки телесни повреди и го загуби плодот. Жртвите беа патници на мотор чиј пат го пресекол возач на џип кој недозволено преминал преку двојна полна лента на булеварот Теодосиј Гологанов. Со џипот управувал Васил Ч., кој тогаш имал 62 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот