Џафери му прати абер на Богоевски за Груевски – Слободен печат
ВестиМакедонија

Џафери му прати абер на Богоевски за Груевски

Почна постапката за одземање на пратеничкиот мандат на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Собранискиот спикер Талат Џафери ја извести Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања дека пратеникот Никола Груевски шест месеци неоправдано отсуствувал од собраниските седници. Според Деловникот на Собранието, тоа е една од причините за одземање на пратеничкиот мандат. Ако Комисијата донесе предлог-одлука за одземање на мандатот за тоа да се реализира треба да гласаат 80 пратеници на пленарна собраниска седница.

Иако според Деловникот на Собранието, Комисијата има 15 дена да достави предлог до Собранието за одземање на мандатот, седницата ќе се одржи во понеделник.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close