Девојче ПОБЕДИЛО ЛЕУКЕМИЈА, а потоа ПОЧИНАЛА, мајка и тврди дека е виновна болничката вода

Мили Мејн, 10-годишно девојче од Велика Британија, ја победило леукемијата, но набргу потоа починала во детската болница во Глазгов.

Нејзината мајка сега тврди дека ќерка и починала од „неисправна вода“, како и дека здравствените работници лажат.

Девојчето при заздравувањето од тешката болест добила заразна инфекција и починала, а нејзината мајка Кимберли е уверена дека до тоа дошло поради загадена вода.

Здравствениот одбор во Глазгов инсистирал на тоа дека причината за инфекцијата не може да се открие.

Случајот за несреќното девојче стигнал и до шкотскиот парламент, откако многумина повикале на оставка на министерката за здравје, Џини Фримен.

Кимберли рекла дека лично од Фримен барала одговори за смртта на својата ќерка, но дека добила само „општи уверувања“ дека истрагата ќе биде извршена.

Кимберли низ солзи за „Би-Би-Си“ раскажала дека во 2017 година, кога починала нејзината ќерка, во истата болница имало 26 смртни случаи поврзани со загадена вода, но извештаите во кои тоа го пишувало, болницата никогаш не ги објавила.

Мили пред две години имала успешна трансплатација на матични клетки и заздравувала, но наеднаш и се случил токсичен шок и починала неколку дена подоцна.

Во официјалниот извештај од докторите пишувало дека нејзиниот катетер преку кој ги примала лековите бил инфициран, но Кимберли тврди дека вистинската причина не се открива поради проблеми со водата за пиење во болницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот