Деветнаесетгодишник со „фиат пунто“ удрил двајца пешаци, тешко повреден маж

Фото: МИА

На 15.06.2019 година во 22.55 часот на крстосницата од улиците „Војдан Чернодрински“, „Славеј Планина“ и „Кримска“ во Скопје, патничко возило „Фиат Пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(19) од Скопје, удрило во пешаците А.Ш.(44) и Х.Ш.(18), двајцата од Скопје. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил А.Ш., додека со телесни повреди се здобила Х.Ш.. Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во Ургентен Центар при комплекс Клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот