Дете падна на колена и во солзи го молеше Каљехон да остане во клубот (ВИДЕО)

фото/твитер

Шпанскиот фудбалски интернационалец Хуанми Каљехон (32) го одигра својот последен натпревар за екипата на Боливар од Боливија.

Братот близнак на многу познатиот Хозе Каљехон, играчот на Наполи, кариерата ја развиваше во Боливија во претходните шест години и стана миленик на навивачите.

Но, одлучи да го напушти клубот и синоќа против составот на Ројал Пари (2:2) го одигра својот последен меч во дресот на боливискиот великан.

Со погодок се раздели Каљехон, но сцената после мечот ги допре во срце сите љубители на фудбалот.

Еден млад навивач на Боливар падна на колена и во солзи го молеше Шпанецот да остане…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот