Дескоска: За нас е неприфатлива скриената амнестија

Фото: Рената Дескоска, министерка за правда

Нема никакви поместувања во однос на разликите меѓу власта и опозицијата околу законот за јавно обвинителство, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска, по завршувањето на новата рунда разговори за клучните прашања од реформата на правосудството.

– За Министерството за правда не е прифатливо внесување на одредба во законот што ќе значи скриена амнестија – рече Дескоска од хотелот „Мериот“, каде треба да се оддржи конференција за борба против корупцијата.

Главните разлики се идниот статус и функционирање на СЈО, судбината на постапките кои веќе се почнати и употребата на доказите, односно двете страни најмногу спорат за членот 105 од законот што го регулира продолжувањето на постапките и судбината на доказите од прислушкуваните разговори.

Договорот за овој закон е еден од условите за добивање позитивен извештај на Европската комисија.

Следната средба на работните групи е закажана за в петок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот