Дескоска: Ветингот воопшто не е пријатна процедура

Фото: Принтскрин

Министерката за правда, Рената Дескоска во денешното интервју на „Канал 5“ Телевизија зборуваше за ветингот дека воопшто не е пријатна таа процедура, и го посочи примерот со Албанија, која остана без судии.

-Ако не профункционираат органите, како што е Совет на јавни обвинители, Судксиот совет, тогаш мора да бараме начини да профункционира отчетноста, одговорноста во рамките на судството. Значи не може да толерираме, ако не функционираат органите и ако не се спореведуваат механизмите и законите од ЕУ, кои им ги предадовме на институциите, тогаш ќе преземеем вонредни мерки. Ветингот не е редовна процедура, таа е вонредна мерка и таа се спроведува во одреден временски период. Не е воопшто пријатна мерка, заради тоа што тие судии ќе треба да поминат на целосно испитување на имот на состојба, врски, конекции, влијанија, дали се од подземни групи, дали се од адвокатски или лоби групи- вели Дескоска.

Во Албанија добар дел од судиите се откажаа уште пред да почне да се врши ветингот врз нив.

-Си даваме оставка, воопшто не сакаме да се подложуваме врз тој процес- рече Дескоска, за тамошните судии.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот