Десетте најдобри локации за соло патувања: На првото место се најде една балканска држава

Фото: Pexels

Сѐ повеќе луѓе се решаваат да патуваат сами ширум светот и да ги истражуваат прекрасните туристички локации. Компанијата „Баунс“, која на повеќе од 8.000 локации во повеќе од 1.000 градови ширум светот има места за складирање багаж, ги издвои десетте најдобри места за соло патување.

Истражувањето го спровеле експерти за патувања, а анализата на различните фактори како што се бројот на атракции, цените на сместувањето и храната, просечната температура и безбедноста, покажала кои држави се најдобриот избор за соло авантуристите.

Дубровник, Хрватска / Фото: Pexels/Rachel Claire

Хрватска, која се најде на првото место на листата, е позната по својата природна убавина, плажите што го одземаат здивот и неверојатните историски знаменитости. Хрватска нуди разновиден спектар на искуства кои ќе ги задоволат желбите на сите туристи кои ќе ја посетат, наведува „Кроејшавик“.

Живописните пејзажи на земјата, прошарани со шармантните крајбрежни градови, волшебните острови и прекрасните национални паркови, обезбедуваат неверојатна основа за солистичко истражување.

Хрватскиот национален парк Плитвички Езера / Фото: Pexels/Ljubisa Pokrajac

Интересно е дека на третото место се најде Словенија, земја која е подеднакво добра и за семејни одмори и за самостојни посети.

Ова е листата со десетте најдобри дестинации за соло патувања:

  1. Хрватска
  2. Малта
  3. Словенија
  4. Португалија
  5. Исланд
  6. Грција
  7. Унгарија
  8. Шпанија
  9. Сингапур
  10. Израел

„Конде Наст“: Ова се најубавите гратчиња во светот, меѓу нив е и едно место од Балканот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот