Десет знаци дека на вашето тело му пречи глутенот

Фото: Профимедиа

Нетолеранција на глутен или чувствителност на глутен која не е целијакија, се термини кои се користат за да се опише состојбата на луѓето кои не поднесуваат глутен во храната и имаат симптоми слични на оние што страдаат од целијакија – но без ист тип на оштетување на цревата што се јавува во случаи на целијакија.

Нетолеранцијата на глутен стана болест на денешницата на која ниту една возрасна група не е имуна. Со оглед на тоа што неможноста на варењето на глутенот може да доведе и до сериозни компликации, важно е да се препознаат симптомите и да се реагира навреме.

Глутенот е дел од протеинот што се наоѓа во житарките како пченица, ‘рж, јачмен, овес. Но, покрај житарките, глутенот е составен дел на многу производи за широка потрошувачка како тестенини, разни сосови и додатоци во исхраната, а го има дури и во некои кармини.

Болеста на нетолеранција на глутен подразбира неможност за варење на оваа состојка, а според последните пресметки се проценува дека 9 од 10 луѓе кои страдаат од нетолеранција на глутен не се ни свесни за тоа.

Доколку се сомневате дека и вие припаѓате на оваа група, потребно е да направите серолошки и дијагностички анализи за да ги препознаете најчестите симптоми.
Симптоми на интолеранција на глутен

1. Груба кожа на задниот дел на надлактицата. Овој симптом најчесто е предизвикан од недостаток на фолна киселина и витамин А во организмот, што може да биде предизвикано од лошо разградување на мастите предизвикани од оштетување на цревата.

2. Болки во стомакот. Дигестивните проблеми како надуеност, гасови, дијареја, па дури и запек. Запекот најчесто се појавува кај децата.

3. Повремената дијареја (пролив) обично не е причина за загриженост, но ако се јавува редовно, може да биде симптом на чувствителност на глутен поврзана со воспаление во цревата. Повеќе од 50 отсто од луѓето кои се чувствителни на глутен доживуваат редовна дијареа.

4. Вртоглавици, замор, малаксаност и безволност без посебна причина, која доаѓа до израз после оброк што содржи намирници богати со глутен.

5. Луѓето со дигестивни проблеми изгледа се посклони кон анксиозност и депресија за разлика од здравите. Постојат разни теории за тоа како и зошто нетолеранцијата на глутен влијае на менталното здравје.

6. Хормонална нерамнотежа како што се силни симптоми на предменструален синдром (ПМС), ПЦОС (полицистични јајчници) или необјаснета неплодност.

7. Силни главоболки и чести мигрени.

8. Воспаленија и отоци и болки во зглобовите, особено во прстите, колената и колковите.

9. Вкочанетост на нозете или рацете. Друг изненадувачки симптом на нетолеранција на глутен е невропатија, која вклучува вкочанетост или пецкање во рацете и нозете. Оваа состојба е честа кај луѓето со дијабетес и недостаток на витамин Б12. Исто така, може да биде предизвикано и од токсичност и консумирање алкохол. Меѓутоа, луѓето со целијакија и чувствителност на глутен се чини дека се изложени на поголем ризик да доживеат вкочанетост на рацете и нозете. Иако точната причина не е позната, некои го поврзуваат овој симптом со присуството на одредени антитела поврзани со нетолеранција на глутен.

10. Одвреме-навреме можно е да се чувствувате расеано и со замаглен ум. Но, ако ова ви се случува често и имате тешкотии во размислувањето и помнењето, можеби сте чувствителни на глутен.

Житарки кои не содржат глутен

– пченка
– хељда
– просо
– интегрален ориз
– амарант
– киноа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот