Десет приведени за полициски час, девет од нив и за нарушен јавен ред и мир

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

За непочитување на ограниченото движење уште едно лице е приведено на друго место.

Девет лица ќе добијат пријави за нарушување на јавен ред и мир како и за прекршување на полицискиот час откако биле затекнати на јавен простор вчера во 22.30 часот, соопшти денес СВР Тетово. За непочитување на ограниченото движење уште едно лице е приведено на друго место.

– Лицата кои биле лишени од слобода за непочитување на полицискиот час се соочуваат со пријава за  „непостапување според прописите за време на епидемија” според член 206 од Кривичен законик, потсетуваат од тетовската полиција.

На подрачјето на СВР Тетово досега има евидентирано вкупно 282 предупредување за неносење заштитни маски за лице како и 122 барање за прекршони постапка од полицијата до судот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот