Десерт за будење: Колачиња со таан и црно кафе

Фото: Unsplash

Употребата на таанот во исхраната за прв пат се сретнува во арапската кујна, од 13 век. Од арапските земји, понатаму се проширува во Индија, Кореја и Јапонија, а денес често се користи во медитеранската кујна.

Таанот изобилува со мононезаситени и полинезаситени масни киселини за кои е докажано дека поволно влијаат на здравјето на кардиоваскуларниот систем. Најчесто се употребува во подготовката на вкусна таан алва.

Одличен додаток во многу типови на храна, намази, но и десерти. Овој пат специфичниот вкус на таанот го искомбиниравме со омилениот утрински нашиток – црното кафе.

Состојки:

– 120 милилитри таан
– 20 г. шеќер
– 1 јајце
– 1/4 лажичка сол
– 200 г брашно
– 3/4 лажичка сода бикарбона
– 1/2 лажичка црно кафе
– 75 г рендана чоколада

Подготовка:

Загрејте ја рерна на 170 степени. Во подлабок сад додадете ги таанот, шеќерот, јајцето и солта и соединете ги состојките со помош на миксер.

Потоа, додадете ги брашното, содата бикарбона и турското кафе. Мешајте додека не се соединат состојките (ќе изгледа суво на почетокот). На крај додадете ја ренданата чоколада.

Со лажица ставете од тестото на хартија за печење и со благо притискање оформете мали кругови.

Печете за 10 минути.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот