Деновите на Гризман во Барселона се одбројани, на Французинот единствен излез му е размена за Нејмар

EPA-EFE/Alejandro Garcia

Натпреварот против Атлетико Мадрид му покажа на Антоан Гризман дека нема иднина на „Камп Ноу“.

Французинот кој минатото лето пристигна во Барселона за 120 милиони евра, се чини дека по само една година ќе си замине од „Камп Ноу“. Гризман на вчерашното дерби против Атлетико Мадрид влезе во игра во последните моменти од натпреварот, што за медиумите во Шпанија но и во Каталонија претставува понижување за Французинот, но и во исто време му покажа на самиот играч дека нема иднина во Барселона.

Проблемот на Гризман е малку подлабок од односот со тренерот Кике Сетиен кој го пресели на клупата. Французинот игра на истата позиција со Меси, и се чини дека токму Аргентинецот е главниот проблем за Гризман. Меси исто така никогаш не го прифати Гризман како соиграч бидејќи тој смета дека управата требаше парите да ги потроши на враќањето на Нејмар во Барселона.

Тој во зимскиот преоден рок одби да се пресели во ПСЖ, но медиумите во Шпанија тврдат дека тој размислува да го промени мислењето, бидејќи во следната сезона поголема шанса и минутажа ќе добие и суперталентираниот тинејџер, Ансу Фати.

Веднаш по средбата со Атлетико Мадрид започнаа шпекулациите дека Гризман заедно со неговиот сонародник Самуел Умтити ќе бидат искористени за да се врати Нејмар на „Камп Ноу“.

Таа размена и ваќањето на Нејмар нема да го оптерети буџетот на Барселона бидејќи Гризман има плата од 20 милиони евра, а Нејмар е подготвен да се откаже од 10 милиони евра годишни примања само за да се врати во каталонскиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот