„Денови на Благоја Корубин“ во рамки на 6. Отворени денови на Институтот за македонски јазик

Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ / Фото: Архива на „Слободен печат“

Во рамки на шестите Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, денеска во Љубојно ќе се одржи 25-тата манифестација „Денови на Благоја Корубин” со научен собир „Благоја Корубин – втемелувач на македонскиот стандарден јазик. Јазикот во практиката“.

Со настанот ќе бидат одбележани и сто години од раѓањето на Корубин, кој беше посветен во истражувањата на практиката на македонскиот јазик и повеќе децении ја уредуваше рубриката „Јазично катче“ во весникот „Нова Македонија“.

На Отворените денови, кои се одржуваат од 18 до 22 октомври, утре и задутре во Крани и Скопје ќе се одржува шестата меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истржувања”.

Годинашните Отворени денови ќе завршат в петок со посета на Спомен-домот на Блаже Конески во Небрегово. Институтот го организира овој настан под покровителство на претседателот на државата Стево Пендаровски.

Шестите Отворени денови годинава се во знакот на еден век од раѓањето на Блаже Конески и 95 години од смртта на патронот на Институтот за македонски јазик – Крсте Мисирков, како и 30 години од независноста на државата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот