Денеска пристигнува втората српска донација од 8.000 вакцини на Фајзер

Министерот за здравство Венко Филипче ќе биде домаќин на министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, на граничниот премин Табановци, со цел да ја преземе втората донација од 8.000 дози вакцини од компанијата Фајзер/Бионтек, соопшти Танјуг.

Првиот контингент од 4680 дози од Србија пристигнаа на 14 февруари, кога српскиот претседател Александар Вучиќ на граничниот премин Табановце му предаде вакцини на премиерот Зоран Заев.

Со вакцините „Фајзер” од Србија започна имунизација во Северна Македонија, а вакцините први ја примија здравствените работници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот