Денеска ќе биде познато дали Реал и Јувентус ќе бидат исфрлени од ЛШ

Учесниците во натпреварувањата под капата УЕФА ќе заработуваат повеќе пари со новиот договор/ фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

УЕФА денеска ќе има состанок на Извршниот комитет на кој една од главните теми ќе биде европската Суперлига, односно дали ќе има некакви последици за 12. екипи кои го формираа новото натпреварување кое пропадна по само 48 часа.

Една од идеите е Реал Мадрид веднаш да се елиминира од полуфиналето во Лигата на шампионите без борба, но таа е малку веројатна бидејќи ќе се наруши регуларноста на натпреварувањето.
Втората идеја која сериозно се разгледува е најголемите заговорници на европската Суперлига, Реал Мадрид и Јувентус да бидат исфрлени од европските купови на една година. Тоа би значело дека во Лигата на шампионите следната сезона нема да игра Реал Мадрид (кој е сигурен учесник) како и Јувентус кој ќе игра или во ЛШ или во Лигата на Европа.

Шпанските медиуми тврдат дека претседателот на УЕФА, Александер Чеферин е еден од заговорниците на оваа идеја и дека веќе се консултирал со адвокати, додека дел од Извршниот одбор бара да се седне на маса со клубовите.

И Англичаните планираат некаква казна за шесте екипи кои ја создадоа Суперлигата (Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Челси, Арсенал, Ливерпул и Тотенхем), а еден од предлозите е наредната сезона да ја започнат со минус 12 бодови и да бидат исфрлени од европските купови.
Во исто време, челниците на Премиер лигата се обидуваат да направат промени во статутот кој потоа треба да се усвои и според кој секој нареден ваков или сличен обид ќе биде санкциониран со исфрлање од Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот