Дендиас: Дијалогот не е одрекување од суверенитетот

Несомнено најважната вест е нашето прифаќање на поканата што ми ја упати мојот турски колега за да се сретнам со него во Анкара. Секако, грчката страна од почеток јасно стави до знаење дека оваа посета ќе се одржи доколку се задржат соодветните услови, рече шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас по завршувањето на состанокот на Националниот совет за надворешна политика на која ги информирал претставниците на опозициските партии за актуелните теми, јави дописничката на МИА од Атина.

Главното прашање биле односите со Турција, како и средбата Чавушоглу- Дендиас на 14 април, а шефот на грчката дипломатија истакна дека е корисно турските функционери да избегнуваат изјави кои не помагаат во „напорите да се консолидира климата на добрососедски односи”.

-Сакам да истакнам дека Грција не се плаши од дијалог. Дијалогот не претставува одрекување од суверенитетот и суверените права. Влегуваме во дијалог токму за да ја промовираме праведноста на нашите позиции. Неопходна компонента за продолжување на дијалогот е деескалација, одржување на деескалацијата и консолидација на мирната клима, истакна Дендиас.

Шефот на грчката дипломатија изрази задоволство дека состанокот на кој освен претставниците на опозициските партии, присуствуваше и министерот за одбрана Никос Панајотопулос, поминал во духот на национална едногласност, иако е „разбирливо дека постојат различни пристапи за одредени прашања”.

Пред состанокот, Дендиас, во присуство на Панајотопулос имал телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во пресрет на состанокот во Брисел. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот