Ден на македонската полиција: Министерот Спасовски положи свежо цвеќе на споменикот во кругот на МВР

Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи / Фото: МВР

Денеска, во рамки на одбележувањето на Денот на полицијата – 7 Мај, делегации од Министерството за внатрешни работи положија свежо цвеќе на спомен обележјата на загинатите и починатите припадници на Министерството за внатрешни работи во кругот на МВР: на споменикот пред зградата на граничната полиција, во полицискиот центар “Ѓорче Петров”, во паркот „Жена”, во базата „Брест” и во касарната „Илинден”.

Свежо цвеќе на споменикот во кругот на МВР беше положено од страна на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, државната секретарка при Министерството за внатрешни работи м-р Магдалена Несторовска, директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Сашо Тасевски и заменик директорот на БЈБ Ариф Асани. Цвеќе положија и претставниците на Здружението на бранителите и семејствата на загинатите припадници на МВР, како и претставниците на Македонскиот полициски синдикат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот