Деми Мур откри како е Брус Вилис: Актерката призна како ги посоветувала ќерките за тешката деменција на нивниот татко

Фото: Инстаграм/„Добро утро Америка“ („Good Morning America“)/Profimedia

Актерите Брус Вилис (68) и Деми Мур (61), кои своевремено беа еден од најпознатите парови во Холивуд, се блиски пријатели иако се разведени повеќе од 20 години, објави „Си-ен-ен“.

За време на промотивната турнеја за серијата „Кавга: Капоти наспроти Лебедите“ („Feud: Capote vs. The Swans“), Мур гостуваше во емисијата „Добро утро Америка“ („Good Morning America“) и проговори за моменталната здравствена состојба на Вилис.

„Мислам дека, со оглед на околностите, многу добро му оди“, изјави таа.

Фото: Инстаграм/„Добро утро Америка“ („Good Morning America“)

Инаку, во 2022 година беше објавено дека Вилис ќе се повлече од својата актерска кариера поради здравствени причини, односно дека му е дијагностицирана афазија. Една година подоцна, неговото семејство соопшти дека неговата болест напредувала и дека Вилис добил поспецифична дијагноза: фронтотемпорална деменција.

Мур и Вилис се разведоа во 2000 година, a имаат три возрасни ќерки – Румер (35), Скаут (32) и Талула (29).

„Она што ќе ви го кажам сега е она што им го кажувам и на моите деца. Важно е да се излезе во пресрет и не се држам до она што не е, туку до она што е. Од тоа излегува голема убавина и сладост, љубов и радост“, изјави таа.

Поранешниот пар продолжи пријателски да ги споделува семејните искуства низ годините.

Вилис е во брак со Ема Хеминг Вилис повеќе од 16 години, со која има две мали ќерки – Мејбел и Евелин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот