Демант од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје: Неоснована и лажна е веста за холандска поддршка на бугарското вето

Неоснована и лажна е веста што излезе во некои медиуми во текот на вчерашниот ден дека Холандија ја поддржила Бугарија во блокадата на преговарачката рамка за почеток на пристапните преговори меѓу Северна Македонија и Европската Унија (ЕУ), се вели во реакцијата на Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

Од таму потсетуваат на одлуката на холандската Влада од 30 октомври оваа година со која се информирал тамиошниот парламент дека првата меѓувладина конференција за Северна Македонија може да се одржи.

– Овој став останува, се разбира, непроменет. Холандија сметаше и сѐ уште смета дека Северна Македонија има постигнато добар напредок и дека меѓувладината конференција може да се одржи веднаш штом се усвои преговарачката рамка, порачуваат од холандската амбасада во земјава.

Веста за холандска поддршка на бугарското вето ја објави бугарскиот весник „24 Часа“, кој се повика на неименувани дипломатски извори од Брисел. Во неа се цитираше и пост на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на Фејсбук кој, исто така, се повика на неименувани дипломатски извори во Брисел кои „тврдат дека две земји членки на ЕУ ја поддржуваат Софија“.
Таквата содржина беше пренесена и од голем број на македонски медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот