Делови од Сопиште, Ѓорче Петров, Аеродром, Сарај и Карпош утре без струја

Без струја
Струја / Фото: МИА

Заради технички зафати во дистрибутивната електромрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште, Сарај, Ѓорче Петров, Аеродром и Карпош, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 8.30 до 12.00 часот без напојување со електична енергија ќе бидат корисниците од селот Ракотинци околу основното училиште и местото викано Ветрила, Општина Сопиште. Од 9.00 до 11.00 часот, пак, ќе има прекин на струја за корисниците од селата Љубин, Кондово, Долно и Горно Свиларе, Рашче, Копаница, Бојане, Радуша, Дворце, Орашје, Општина Сарај, и дел од Волково и Кучково, Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 9.30 до 10.30 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од ул. „Лисец“, Општина Аеродром, од 10.30 до 15.30 часот корисниците од селото Бардовци, м.в. Рупа, Општина Карпош, а од 9.00 до 13.00 часот од ул. „Ловќенска” непарни броеви од 25а до 37б, Општина Карпош.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот