Делови од скопските општини утре ќе останат без струја

Без струја
Струја / Фото: МИА

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода и Ѓорче Петров и селото Јурумлери, информираат од РЦУК Скопје.

Без електрична енергија, во период од 08:30 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од улица „Славчо Стојменов”, општина Кисела Вода. Во период од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Борис Сарафов”, „Панајот Гиновски”, „Александар Македонски”, „Андреј Зограф”, „Ѓорче Петров” и „4 Јули”, во општина Ѓорче Петров.

Од 09:20 до 12:20 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улица 19 и улица 38 во село Јурумлери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот