Даниловски: Судбината на респираторните вируси е да ја изгубат „силата“ и да станат наши постојани „сожители“

Д-р Драган Даниловски / Фото: Скриншот

Ако се покаже, како што веќе полека се наѕира, дека омикрон предизвикува благи симптоми, тоа значи дека нова вакцина нема ни да ни треба, вели проф.д-р Драган Даниловски во интервјуто за НоваТВ.

Намерата што ја објавија Фајзер и Модерна, дека за околу 100 дена ќе ги ажурираат своите вакцини специфично за омикрон изгледа убаво, но искрено, не е практична! Зошто? Затоа што, додека да дојдат вакцините, практично сите ќе бидеме заразени со омикрон, со оглед на високата заразност. Но, нема место за вознемиреност, вели тој.

Според него треба да сме подготвени и претпазливи, но нема место за паника, зашто се наоѓаме во сосема различна ситуација од онаа пред една година.

Веќе светот има искуство, постојат вакцини,а голем дел од луѓето имаат веќе и природен имунитет, така што на омикрон ќе му биде мошне тешко да се пробива преку воспоставените бариери. Тој тоа се обидува да го надомести со мутациите кои му обезбедуваат зголемена заразност и заобиколување на имунитетот. Сѐ уште нема доволно податоци, но повеќе од сигурно е дека нема да предизвикува – во просек – потешки симптоми, вели Даниловски.

Даниловски е убеден дека варијантата омикрон ќе биде последната заради која ќе се вознемируваме.

Судбината на респираторните вируси воглавно е таква – да ја изгубат „силата“ и да станат наши постојани „сожители“, вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот