Дали знаете колку често треба да ги бањате вашите кучиња и мачки?

Фото: Pexels

Секое милениче може да даде доволно љубов и благодарност, само ако сопственикот истото го направи за него. Потребно е правилно да се храни, да се води грижа за неговото здравје, но и за неговата хигиена.

Хигиената е важен елемент за зачувување на здравјето на секое живо суштество. Ова особено важи и за домашните миленици со кои го делиме времето и просторот за живеење.

Колку често треба да се бањаат кучињата и мачките?

За кучињата, нема поголем непријател од фенот, а мачките не сакаат големи промени во нивниот изглед, но сето тоа може да се избегне ако ги навикнете на грижата за нивото крзно додека се мали.

Негата на кожата и крзното е исклучително важна за кучињата и мачките, но не треба да претерувате. Кога станува збор за шампоните, треба да внимавате за кое милениче се наменети. Не ги користете истите производи за и мачки и кучиња.

Потребата за чистење на крзното на мачките зависат од различни фактори. Тие треба почесто да се бањаат доколку излегуваат надвор, имаат подолго крзно или здравствени проблеми. Но, општо правило е дека мачката треба да се бања што е можно поретко.

Употребата на шампони исто така се препорачува што е можно поретко, а понекогаш е доволно да го исплакнете влакното на мачката со чиста вода. Треба да се запомни дека мачките сами се грижат за својата хигиена, па бањањето е само помош.

Слично е и за кучињата, се препорачува да се намали капењето со шампони и да се ограничи на што поретко. Кучето треба да се капе со шампон еднаш на секои две недели, но не поретко од еднаш на секои три месеци.

Шампоните се избираат во зависност од должината и квалитетот на влакното, како и чувствителноста на кожата. Важно е да се избегнува употреба на човечки или бебешки шампони, бидејќи тие можат да ја исушат кожата на вашето милениче. Секогаш темелно исплакнете ја сапуницата и да бидете сигурни дека водата не влегува во ушите и очите на кучето.

Милениците со подолго влакно, секогаш треба да се чешлаат после капење. Освен што ги отстранува старите влакна, чешлањето ја стимулира циркулацијата на кожата и помага да се открие доколку кучето има надворешни паразити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот