Дали водата има рок на траење и колку долго отворено шише е безбедно за пиење?

Фото: Профимедиа

Сигурно сте слушнале дека е лошо, па дури и опасно да оставите шише вода во врел автомобил или на други места подолго време. Дали е, сепак, тоа само мит?

Постојат низа ситуации во кои ќе бидете принудени да складирате вода подолг временски период, пишува „Лајфстронг“ (Livestrong).

На пример, кога пакувате вода за хуманитарна помош за загрозено население погодено од природна катастрофа или ја складирате за иднина каде што водата ќе биде оскудна, бараат од вас да знаете како да ја складирате безбедно, за да остане свежа што е можно подолго.

Пред самото складирање, добро е да се знае дали одредени видови на вода имаат рок на траење и колку долго можеме да ги чуваме отворени или да ги консумираме.

Видови на вода
Вода од чешма

Агенцијата за заштита на животната средина е одговорна за чистата вода за пиење што ја добиваме од чешмата. Всушност, водоводот обезбедува вода за пиење за 90 отсто од луѓето во одредена земја.

Вода во шише

Постојат неколку видови вода во шишиња:

– Минерална вода – доаѓа од подземен извор и содржи природни минерали и елементи во трагови

– Изворска вода – доаѓа од подземна формација и се собира на изворот или преку окно во земјата

– Бунарска вода – вода што доаѓа од дупка во земјата, а потоа влегува во водоносен слој.

Дали на водата во шише ѝ истекува рокот на траење?

Технички, не е познато дека на водата во шише ѝ истекува рокот на траење, но во ваш најдобар интерес е, сепак, да не пиете од старо шише.

„Самата вода нема рок на траење, меѓутоа, материјалот во којшто се содржи водата може да се оштети и да ослободи загадувачи во неа“, вели диететичарот Ендрју Акафонг.

Диететичарката Абигејл Томас вели дека водата нема рок на траење, но елементите што ја опкружуваат ги менуваат хемикалиите што се наоѓаат во неа.

Таа додава дека „не е водата таа која има рок на траење, туку амбалажата во која се наоѓа доживува деградација што на крајот директно влијае на водата“.

Дали водата од чешма има рок на траење?

За разлика од водата во шише што можеме да ја најдеме во продавниците, водата од чешма би требало да се менува на секои шест месеци.

„Водата од чешма може да се чува до шест месеци со минимален ризик од несакани нуспојави сѐ додека правилно се складира“, вели Мусуми Мукерје.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот