ДАЛИ НИ СЕ ПОДГОТВУВА НОВА КАТАСТРОФА? Во Кина откриен случај на бубонска чума, издадено предупредување од трет степен

Фото: ЕПА

Властите на градот Бајан Нура во кинескиот автономен регион Внатрешна Монголија издале денеска предупредување до населението, еден ден откако болницата објави случај на сомнителна бубонска чума.

Здравствената комисија на градот Бајан Нура издаде предупредување од трет степен, во четиристепениот систем.

Предупредувањето се однесува на забраната за лов и консумирање животни кои можат да бидат заразени од чума. Жителите се повикуваат да ги пријават сите случаи осомничени на чума, како и појава на случаи на треска без јасни причини.

Властите ги повикуваат жителите да известуваат за видот на болни или мртви глодари.

Предупредувањето уследи откако беа пријавени четири случаи на чума кај населението на Внатрешна Монголија во ноември минатата година, вклучувајќи два случаи на пневмонична чума, повеќе смртоносна верзија и сериозна болест.

Бубонската чума, позната во средниот век како „црна смрт“, е исклучително заразна и најчесто смртоносна болест која се шири од глодарите.

Епидемијата „црна смрт“ во 14 век резултираше со смрт на 30 до 60 проценти од населението во Европа.

Избувнувањето на чумата во Кина не е невообичаено, но нејзините епидемиски размери стануваат се поретки. Од 2009 до 2018 година, земјата пријавила 26 случаи на инфекција со бубонска чума и 11 смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот