Дали го знаете вистинското име на Зинедин Зидан

Зинедин Зидан/фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Италијанскиот новинар и публицист Федерико Буфа, го откри вистинското име на легендарниот француски фудбалер Зинедин Зидан.

Иако за поранешниот тренер и фудбалер на Реал Мадрид кој во својата играчка кариера освои сè што можеше да освои, а потоа предводејќи го „кралскиот“ клуб освои и три титули во Лигата на шампионите се напишани илјадници страници, малкумина го знаат неговото вистинско име.

Буфа открива дека вистинското име на Зидан е Зајид Алдид Ал-Јазид.

– Еден ден се родило дете со име Зајид Алдид Ал-Јазид што значи „убавината на религијата“. Детето имало берберски црни, долгнавесто лице, бела кожа и ледени очи. Имал неверојатна координација на движењата и со топката правеше тоа што ќе го посакаше. Тоа дете израсна во маж кој во јули 1998 година и ја донесе на Франција првата титула светски шампион. Но, Берберот со леден поглед со тек на времето му стана познат на целиот свет со неговото француско име, Зинедин Зидан или Зизу – открива Буфа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот