Дачиќ: Вучиќ едвај ги чека изборите, ама прво да завршат важни меѓународни настани

Ивица Дачиќ / Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Српскиот министер за надворешни работи и лидер на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, денеска изјави дека одлуката за изборите ќе биде донесена во наредниот период, откако ќе бидат завршени неколку значајни меѓународни настани, јави дописникот на МИА од Белград.

Дачиќ рече дека е во секојдневната комуникација со претседателот Александар Вучиќ, со кого рече, разговарал за тоа дека за изборите ќе стане збор откако ќе завршат настаните како средбата во Брисел во рамки на дијалогот и седницата на Генералното собрание на ОН и оти потоа ќе се донесат одредени одлуки.

Дачиќ напомена и дека при излегувањето на избори мора да се земат предвид и технички работи.

-Мора да се донесат одредени одлуки, да се исполнат условите, да се види дали ќе се оди на усвојување на буџетот за наредната година, како и дали истовремено ќе се одржат локални избори или и избори за градот Белград и парламентарните избори. А за тоа да се стекнат услови, треба да се види како се скратува мандатот на одредени локални самоуправи. Има тука има многу теми, рече Дачиќ.

Тој кажа и дека не е прашање дали некој сака да оди на избори, додавајќи дека „Вучиќ едвај ги чека“, туку дека не ја разбира опозицијата која бара избори, а сите истражувања покажуваат дека тие повторно ќе ги изгубат.

Дачиќ го повтори својот став дека не е за предвремени избори бидејќи, како што кажа, изборите во принцип го одвлекуваат вниманието од работата што треба да се заврши и праша кој го гарантира тоа, ако изборите се одржат во декември, дека за пет-шест месеци некој нема да дојде и да каже дека не е задоволен од резултатите и дека треба повторно да се одржат избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот