Дачиќ смета дека ЕУ го зголемува притисокот врз Србија

Ивица Дачиќ / Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека Брисел го зголемува притисокот врз Белград со формален предлог деловите од Охридскиот договор, со кои Србија не се согласи, да се вклучат во преговарачката рамка за членство во Европската Унија.

-Има обид преку ЕУ и поглавјето 35 на Србија да и се наметне обврска дека доколку сака да стане членка, мора да има таканаречена целосна имплементација на Охридскиот договор и оној дел од договорот со кој не се согласивме. Србија не го потпиша Охридскиот договор, со усната изјава на претседателот на Србија се огради од одредени формулации кои укажуваат дека тоа е некакво признавање на Косово и дека се согласуваме Косово да стане членка на ОН и на други меѓународни организации, рече Дачиќ во изјава за телевизија Пинк.

Тој рече дека српскиот претседател Александар Вучиќ имал аргументиран, остар и одмерен говор на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБСБ) во кој посочил дека косовскиот премиер Албин Курти е закана за мирот и стабилноста.

Тој оцени дека Резолуцијата за изборите во Србија, која вчера беше изгласана во Европскиот парламент, е инструмент за оттргнување на земјата од својата независна политика и е насочена за дополнителен притисок.

-Тоа е политички памфлет од кој нема да имаат корист ниту тие што го побарале, туку ќе предизвика штета, рече Дачиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот