Д-р Солевски: Заштитната маска за превенција од коронавирусот има ефект само ако правилно се применува

Ковид-19 е респираторно заболување и примарниот пат на пренесување е преку директен контакт од човек на човек и преку директен контакт со респираторни капки генерирани кога заразено лице кашла или кива.

Со неодамнешните истражувања направена е проценка за опстанокот на вирусот Ковид-19 на различни површини и објавено е дека вирусот може да остане одржлив до 72 часа на пластика и нерѓосувачки челик, до четири часа на бакар и до 24 часа на картон. Но, ова истражување е спроведено во лабораториски услови (контролирана релативна влажност и температура) и треба да се толкува со претпазливост во животната средина.

За „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Д-р Кирил Солевски изјави дека според стручните медицински лица, заштитната маска за превенција од корона има ефект само ако правилно се применува. Ако не се испочитува редот како треба да се стави и потоа да се отстрани маската – може да биде повеќе штетно отколку и воопшто да не се користи маска.

Говорејќи за менталното здравје и балансот со физичкото, Д-р Солевски вели дека стравот е сосема нормална појава кога се работи за една неизвесност и ние се обидуваме да го намалиме тој страв. Препорачуваме прво да не контактираат преку мобилен телефон, воспоставуваме видео линк и во период од 15-20 минути се обидуваме заеднички да го решиме проблемот.

-Генерално имаме добри мерки и сметам дека добро се справуваме со кризата, изјави Д-р Солевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот