Д-р Марија Цветановска: Подготвени сме за корона вирусот

Веќе сме во сезоната на грип. Бројот се зголемува секојдневно. Нема засега ништо невообичаено. Од почетокот на сезоната имаме околу 17 хоспитализирани случаи. Ова се вообичаени бројки. За среќа за вирусот од грип постои превенција, изјави др. Марија Цветановска, инфектолог во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“.

Оваа година од страна на МЗ имаше и бесплатни вакцини.

– Корона е нов вирус. Веќе на 7 јануари СЗО докажа дека се работи за него. Тоа е познат вирус. Тоа е зоооног вирус кој се јавува пред се кај животните но можно е и кај луѓето кај респираторниот систем. Кај нив муациите се опасни бидејќи се генетски нестабилни. Генерално постои бариера на пренос од животните кај човекот. Надзорот за сите респираторни вируси е најважен. Кај нас рано е за паника, но секогаш постои можност тие вируси да бидат инпортирани. Нашите служби се подготвени- изјави др. Марија Цветановска, инфектолог, говорејќи за корона вирусот  во „Утрински брифинг“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот