Д-р Јованка Сурлакова Коровешовска: Тромбозите од британскиот сој на коронавирусот се причина за големата смртност на младите

Британскиот сој на коронавирусот ги напаѓа младите, не бира по возраст и за разлика од претходниот, се манифестира со тромбоемболии кои што се причина за големата смртност кај младите, тврди за Слободен печат д-р Јованка Сурлакова Коровешовска, долгогодишен епидемиолог од Центарот за јавно здравје Охрид.

– Претходниот сој најмногу ги напаѓаше белите дробови и доминираа бронхопневмонии. Сега гледаме дека кај британскиот сој доминираат тромбози и не бира по старост, многу ги напаѓа младите, ни рече доктор Коровешовска.

За британскиот сој на коронавирусот се знае и дека е за 70 проценти позаразен од претходникот, но вакцините против него се делотворни, односно имаат ефект.

Во земјава денеска се регистрирани 1 200 новозаразени од коронавирусот, што е благо намалување споредено со претходните денови кога имаше и по 1600 нови случаи на ковид во текот на едно деноноќие.

Сепак, болничките капацитети се оптоварени и голем број на пациенти се на кислородна поддршка. Состојбата со коронавирусот во земјава со почеток од вечерва од 20 часот ќе се менаџира со нов сет мерки донесени од владата.

Иако непопуларни и иако вклучуваат рестрикции на буквално сите угостителски објекти, вклучително со казината, обложувалниците, фитнес центрите, овие мерки заедно со зголеменото времетраење на полицискиот час од 20 до 5 наутро и вакцинацијата се надеж дека пандемијата ќе се стави под контрола. Проблем постои и со преморен медицински кадар и голем наплив на пациенти за хоспитализација, поради што постојано се пренаменуваат нови ковид-одделенија.

Во моментов активни се 21 630 случаи на ковид-19 во земјава. Вакцинацијата се одвива полека. Досега вакцина примиле само 13 илјади граѓани во земјава, но забележителен успех е фактот што се вакцинирани над 90 проценти од вработените во ковид-центрите кои постојано работат со ковид-пациенти.

Вчера во арената Борис Трајковски од закажаните 2 800 термини, на вакцинација се пријавиле 2 500 граѓани.

ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО: Вакцинацијата почна, ќе биде ли масовна до крајот?

По препорака од ЕМА ќе се одлучи дали помладите ќе се ревакцинираат со „АстраЗенека” или со друга вакцина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот