Црногорскиот Парламент повторно го изгласа Законот за слобода на вероисповед

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ денеска изјави дека повторно се усвоени сет закони, меѓу кои и измените и дополнувањата на Законот за слобода на вероисповед.

Усвоените закони треба да бидат потпишани од претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.
Кривокапиќ изрази уверување дека црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ ќе ги потпише законите.

– Теоретски е можно Ѓукановиќ да не ги потпише законите, но тој е искусен политичар и тоа нема да се случи, истакна Кривокапиќ. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот