Црногорец бил пронајден мртов во куќа во Скопје

Полиција / Фото: МИА

Мртов маж бил пронајден во куќа во Скопје, информира МВР.

– На 15.6.2021 во 14.05 часот во Полициска станица Кисела Вода, од Итна медицинска помош било пријавено дека во куќа во Кисела Вода бил пронајден починат 72-годишниот С.П. од Црна Гора, кој немал документи за идентификација, а за кој, по кажување на соседите живеел подолг период во куќата. По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција, соопшти МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот