Црн рекорд за Турција, регистриран најголем број на новозаразени од почеток на пандемијата

Медицинско лице во Турција / Фото: EPA

Турција денеска повторно регистрира рекорден број новозаразени со коронавирусот, откако во последните 24 часа позитивни се тестирани 63.082 луѓе, што е највисока бројка од почетокот на пандемијата.

Во истиот период починале 289 пациенти, со што вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата достигна 35.320.

Турција е на четврто место во светот според бројот на новозаразени со Ковид-19. Досега се потврдени повеќе од 4,1 милиони случаи на коронавирусот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави неколку нови рестриктивни мерки и „делумно затворање” во текот на првите две недели од исламскиот свет месец Рамазан со цел сузбивање против растечката зараза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот