ЦО на СДСМ: Внатрепартиски избори на 21 март

СДСМ / фото: Архива на Слободен Печат

Централниот одбор (ЦО) на СДСМ доцна синоќа ја одржа 19 седница на чиј дневен ред беа повеќе точки за процесите во партијата, за промените, за модернизацијата и за демократизацијата, а се дискутираше и за најзначајните општествени прашања од интерес на граѓаните.

Централниот одбор донесе одлука дека на 21 март оваа година ќе се одржат првите внатрепартиски непосредни избори за избор на претседател на СДСМ.

За кандидат за претседател ќе може да се кандидира лице со најмалку пет години членство во партијата и најмалку еднаш да бил избран од Конгресот на СДСМ за претседател, за заменик претседател, за член на Централниот одбор или член на Надзорниот одбор.

– СДСМ се менува, се демократизира, се подобрува, за подобро да им служи на граѓаните и да внесе нови демократски вредности во нашето општество. На овој начин ќе поттикнеме поголема демократија во државата, но и други партии во нашата држава да се демократизираат. Носиме нова, додадена, вредност во плурализмот во Република Северна Македонија, рече претседателот Заев во обраќањето.

Генералниот секретар, Љупчо Николовски акцентираше дека СДСМ, како модерна, напредна и организирана партија е целосно подготвена за овој процес од сите можни аспекти.

– Централната изборна комисија ќе започне да функционира во сите 80 општини каде што СДСМ има општински организации. Ќе се формираат општински изборни комисии, Одбори на избирачките места и се што е потребно за овој процес што за првпат се организира кај нас. СДСМ е прогресивна, модерна, европска партија и овој процес ќе го направиме по највисоките демократски и организациски стандарди, рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот